Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 75. место на најновото издание на ранкинг – листата на ФИФА. Тоа е пад за една позиција во однос на минатиот месец.
Нашиот национален тим ќе има шанса да го подобри пласманот доколку забележи успеси на претстојните два пријателски натпревари против Финска и против Азербејџан кои се играат во Анталија, Турција, на 23. и на 27. март.
На врвот на ФИФА – листата нема промени. На првото место е Германија, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, Полска успеа да се искачи на шестото место, а меѓу првите десет селекции се и Шпанија, Швајцарија, Франција и Чиле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст