Професроката од Правниот Факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, Тања Каракамишева образложува дека без потпишување на указот за Законот за употреба на јазиците ќе се смета дека истиот е неважечки и нема да може да се спроведе. Каракамишева е убедена дека претседателот има голема слобода во избегнување на потпишување на указот за овој проблематичен закон, но со една таква процедура се отвора опасен политички преседан кој и во иднина може да се користи за блокирање на системот што секако ќе предизвика и силна реакција од тие што го донесоа законот. Еве што тврди професорката Каракамишева за правните, но повеќе и за политичките аспекти на ситуацијата во која се наоѓа претседателот Иванов кој формално нема право на употреба на второ вето.
„Указот за прогласување на закон е клучен елемент во финализирањето на постапката за негово донесување. Без потпишан указ од страна на претседателот на Републиката нема донесен закон.
Без потпишан указ од претседателот на Републиката законот не може да биде објавен во Службен весник, а штом не е објавен не може да стапи на сила и не може да се применува во пракса. Во таков случај законот останува мртво слово на хартија.
Директорот на “Службен весник” не смее да го објави некомплетниот закон, бидејќи во нашиот уставен поредок указот не се смета само за обично формално дејствие што го прави претседателот на Републиката, како што сметаат некои, туку потпишувањето на указот е суштествен, клучен чин за правно финализирање и заокружување на целата постапка при носењето на законот.
Чин со кој и претседателот на Републиката потврдува дека законот е во ред и дека не претставува опасност по уставниот поредок и по безбедноста на државата. Не е случајно дадено правото на претседателот на Републиката да ветира закон кој тој го смета за неквалитетен, закон со кој може сериозно да се наруши стабилноста и безбедноста на државата, уставниот поредок и слично, прашања кои се пред се, во надлежност на претседателот на Републиката. Претседателот на Републиката има додадена вредност во постапката за носењето на законите, бидејќи тој има обврска да ја види големата слика што примената на законот може да ја направи.
А заштитата на националната безбедност и сигурноста на граѓаните се поважни од она што е нашкрабано во самата хартија на законот. Заштитата на државните интереси и поредокот се најважни функции на претседателот на Републиката. Тој при преземањето на должноста претседател на Републиката се има заколнато дека ќе го штити уставниот поредок и националната сигурност и безбедност на државата.
Оттука, тежата и рамнотежата што претседателот на Републиката има право да ја создава во постапката на донесување закони не е случајна, и уште помалку е за занемарување.
Ако претседателот на Републиката цени дека со примената на еден закон може сериозно да се наруши безбедноста на уставниот поредок и да предизвика катастрофални последици по функционирањето на државата, какви последици ќе предизвика примената на законот за јазиците, тогаш претседателот мора да реагира на начин да ја спречи примената на законот.
Иако формално-правно Уставот го обврзува да го потпише указот за прогласување на закон ако законот е повторно изгласан од пратениците, исто така Уставот го обврзува претседателот да води сметка за функционирањето на државата, за нормално работење на државните органи и за непречено функционирање на уставниот поредок. Во таков случај кој може да каже првата уставна норма е поважна од втората?
Од друга страна, Уставот не утврдил рок кога претседателот треба да го потпише указот што значи му се остава широк простор на (не)делување на претседателот во насока да го закочи објавувањето на законот и неговото влегување во сила.
Ова дополнително во случаи кога претседателот на Републиката согласно своите надлежности укажувал и сериозно предупредувал дека примената на штетниот закон може да ја дестабилизира државата, може да ја парализира државата во секоја смисла што ќе биде искористено како вовед во нејзино целосно распаѓање.
Токму од овие причини, а имајќи пред се во предвид дека примената на законот ќе води прво кон блокада на државните институции и органи, а потоа и до нивен целосен колапс, претседателот на Републиката Е ПОВЕЌЕ ОД ДОЛЖЕН ДА ГО СПРЕЧИ ТАКВОТО СЦЕНАРИО“, пишува Каракамишева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст