| четврток, 6 декември 2018 |

Последен ден за поднесување даночни пријави во УЈП

Денес истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во 2017 година.

Според УЈП, до сега се поднесени вкупно 334.360 пријави, а денеска и утре се очекува тоа да го сторат уште 100 илјади граѓани. „Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и мобилниот даночен шалтер во Драчево што ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10:00 до 14:00 часот“, информираат од УЈП.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и нецелосно пријавени приходи Законот предвидува глоба од 100 до 200 евра, во денарска противвредност. Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат електронски и да се испратат по пошта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top