| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО – ДПМНЕ демантира: Немаше средба меѓу Мицкоски, Заев и Џафери во Собрание

По информациите кои ги објавија домашните медиуми дека денеска во Собранието имало средба помеѓу политичките лидери Зоран Заев и Христијан Мицковски со претседателот на Собранието Талат Џафери, од ВМРО – ДПМНЕ ги демантираат овие наводи.

– ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите кои излегоа во медиумите дека се одржува средба помеѓу претседателот на партијата г. Христијан Мицкоски, Зоран Заев и Талат Џафери во Собрание на Република Македонија, соопштија од Центарот за комуникации на партијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top