Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, поднесе две кривични пријави до надлежното Основно јавно обвинителство – Скопје против Д.Т.(28) и М.Ѓ.(24), поради основано сомнение дека, во два одвоени случаја, сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.
Пријавените подолг временски период, односно од втората половина на 2017 година и почетокот на 2018 година, неовластено од непознати лица набавувале наркотична дрога и психотропни супстанции, ги чувале во своите домови, каде ги препакувале и ги продавале на корисници во главниот град.
Со претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес во домот на лицето Д.Т. во Скопје и притоа се пронајдени 272 грама марихуана и 75 грама хашиш. Извршен е претрес и во домот на М.Ѓ. каде се пронајдени и одземени 95 грама марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст