Американскиот претседател Доналд Трамп утрово го смени државниот секретар Рекс Тилерсон и на негово место го стави директор на ЦИА, Мајк Помпео. За време на прес-конференцијата на Трамп, тој како причина го наведе “честото несогласување”, но не треба да се заборави дека Тајлер некогаш го нарекол Трамп “морон”, пишува “Д Кат”.
Според порталот, целиот овој случај е опкружен со одредено сомневање дека овој коментар имал удел во смената. Сепак, можеби никогаш нема да добиеме директен одговор на ова, што е исто така очигледно поради недостатокот на волја на американскиот претседател да разговара за тоа, како што се покажа денес за време на конференцијата кога му беше побаран коментар.
Новинар: Дали го отпуштивте затоа што тој те нарекол морон?
Трамп: Што?
Новинар: Дали го отпуштивте затоа што тој ве нарекол морон?
Трамп: Повторете…
Сепак, откако по втор пат го постави прашањето поради некоја причина тој не го постави и трет пат, а целата ситуација околу наводниот коментар на Тилерсон остана мистерија, пишува “Д Кат”.
Trump was asked if he fired Rex Tillerson because he called him a “moron.” He didn’t answer. https://t.co/8NCf07VVwy
— Meg Wagner (@megwagner) March 13, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.