| четврток, 6 декември 2018 |

Ноќ на убавина, слава и гламур во „Александар палас“!

Ноќ на убавина, слава, гламур ќе се случува на 20 март во хотелот „Александар палас“! „Story awards Party“ е едно од најзначајните случувања во светот на шоу-бизнисот кој секој пат успева да ја оправда својата репутација на огномет од емоции и естетика. Во ноќта на убавината, славата, гламурот, солзите и громогласни аплаузи овој пат наградите ќе ги добијат актерски, музички, телевизиски, спортски и бизнис личности по избор на регионалното уредништвото на магазинот.

Со настанот ќе биде најавено и новото специјално издание на магазинот кое за првпат на македонски јазик ќе се појави во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top