| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп го смени Тилерсон, Помпео назначен за нов државен секретар на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го смени државниот секретар Рекс Тилерсон.

– Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе биде нашиот нов државен секретар. Од него чекаме фантастична работа. Џина Хаспел ќе биде новиот директор на ЦИА и прва жена на таа позиција. Честитки!, напиша Трамп на „Твитер“.

На чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, додегашен заменик директор. Според анонимен претставник на Белата куќа, претседателот на САД сака да има нов тим пред планираните преговори со Северна Кореја и различни трговски преговори.

Тилерсон, поранешен извршен директор во Ексон Мобил, ја извршуваше функцијата државен секретар нешто повеќе од една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top