| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 100 илјади посетители ја видоа првата вонмузејска поставка „Жената во Македонија низ времето“

На 14 март завршува првата музејска поставка вон музеј – “Жената во Македонија низ времето”. Оваа поставка претставуваше времеплов на жената во Македонија искажана преку артефакти, инфо табли и уникатен музички перформанс. Поставката ја видоа над 100.000 посетители на Сити Мол и побуди интерес и љубопитност кај пошироката јавност преку социјалните медиуми.
Оваа поставка ја организираше Скопје Сити Мол, во соработка со Археолошкиот Музеј, Музеј на македонската борба и Ансамбл Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top