Шест дена треба да бидам на рочишта во разни предмети. Се повеќе се чувствувам како во едно од врвните дела посветени на апсурдот, „Процес“ од Кафка“, изјави Груевски денеска по излегувањето од судот.
Тој рече дека СЈО барало притвор за болен човек, што укажува, како што рече, на забеганоста на ова јавното обвинителство.
– Самиот факт што обвинителството се дрзна да побара притвор за болен човек укажува на забеганоста на ова јавно обвинителство.
Груевски зборуваше и за вчерашното судење за предметот за набавката на „мерцедесот“ кое траеше неколку часа.
– Вчера судијката одлучи да го продолжи рочиштето до 18.30. Не е проблем за мене да останам до кога треба. Сум работел јас до доцна, но доколку тоа е за сите, во овој случај имаме ситуација кога за никој не се останува по работното време, ниту за најголемите убијци и терористи, но кога сум јас во прашање имаме пролонгирање додека судијката не ја заврши својата замислена обврска. За никој друг во државата, ова не се случило во минатото. Истата двојка судии кои вчера направија на некој начин скандал, се оние кои му судат и на Заев и му закажуваа на месец дена. Очигледно е дека судиите имаат добиено политичка агенда и мора да ја исполнуваат, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии