| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски автобус запрен на српска граница, еве што е пронајдено

Цариниците на 11 март 2018 година на влезот на граничниот премин Прешево, во соработка со полицијата, спречиле обид за криумчарење на скоро 22.000 таблети, лекови за смирување, очигледно наменети за српскиот пазар, соопштила Управата на царината на Србија, пренесува српскиот Курир.

„Прекршокот е откриен кога за контрола со скенер е издвоен македонски автобус кој редовно сообраќа на линијата Охрид-Белград. На сликата со скенер воочени се неправилности во тоалетот на автобусот, а деталниот преглед покажал дека сомнежите на цариникот се оправдани. Утврдено е дека во тоалетот има повеќе од десет големи кеси со над 800 кутии различни лекови, кои биле прекриени со гардероба и празни вреќи“, пишува во соопштението.

Меѓу криумчарените лекови преовладуваат лекови за смирување кои содржат психоактивни супстанци, а во помали количини имало и од други лекови.

Бидејќи никој од патниците не се изјаснил како соптвеник на скриениот товар, запленетите лекови и возачот се предадени на полицијата и обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top