Тринаесет годишно дете пешак вчера околу 19 часот било прегазено од автомобил „Шевролет“. Од полицијата информираат дека несреќата се случила на улицата „Коце Металец“ во населбата Железара, кога автомобилот со кој управувал К.А. (23) од Скопје удрил во детето.
– Од незгодата со повреди се здобило детето кое со возило на Итна медицинска помош е пренесено во Градска општа болница “Св. Наум Охридски” за укажување лекарска помош, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст