Премиерот Зоран Заев, денеска на заеничката прес конференција со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ, изјави дека се очекува оваа недела да биде донесен Законот за употреба на јазиците и дека по девет месеци, расправата треба да биде завршена.
– Прашањето треба да биде што поскоро затворено. Порано овие закони се носеа по самото завршување на парламентарните избори, сега дадовме девет месеци дебата. Сите кажаа се што имаа да кажат. Тоа е оневозможено уставно право на граѓаните од другите етнички заедници. Нека се донесе Законот, нека се спроведе и ќе видиме сите дека не било ништо толку тешко и трагично, туку ќе овозможи полeсно да се разбираме едни со други, рече Заев на заедничката прес конференција со Звиздиќ, кој е во посета на Македонија.
Тој додаде дека пратениците од парламентарното мнозинство дале уште една недела шанса за дијалог и разговор за решение прифатливо за опозицијата.
– Но оваа недела Законот треба конечно да се донесе. Чекорите ќе се движат согласно демократските процедури и ваквите прашања, кои ќе ја крепат мултиетничноста на државата, конечно ќе бидат затворени, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.