| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски се сретна со претставници на еврејската заедница

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со рабинот Ендру Бејкер, директор за меѓународни еврејски работи во Американскиот еврејски комитет, и Виктор Мизрахи по повод еден од најтажните денови во македонската историја.

„На средбата се говореше за тешката судбина на македонските Евреи која започна на 11 март точно пред 75 години со депортација на Евреите од Македонија во концентрациониот логор во Треблинка“, стои во партиското соопштение, во кое, меѓу другото е истакнато дека Мицкоски оддал почит на претставниците на еврејската заедница и изразил длабоко жалење за траорната судбина на овие луѓе.

Мицкоски нагласи дека македонскиот народ гледа голем пријател во еврејскиот и дека плодната соработка помеѓу двете држави треба да  продолжи и понатаму преку нови и засилени форми на соработка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top