Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со американскиот сенатор Крис Марфи и амбасадорот на САД во Република Македонија, Џес Бејли.
„На средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека во САД гледа пријателска држава која треба да ги поддржи напорите за членството во НАТО. Воедно ВМРО-ДПМНЕ се залага и за членство во Европската унија каде се потребни посериозни заложби од страна на владата особено во поглед на спроведување на реформи во судскиот систем, образованието и поголема поддршка на бизнис секторот. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски посочи дека владата треба да се посвети на реформските процеси кои се вистински важни за граѓаните и унапредување на животниот стандард, за сметка на ретроградните процеси, политичкиот терор и отворањето на сензационалистички теми кои не носат добро на државата и ја уназадуваат внесувајќи поделби на граѓанското ткиво. Во поглед на спорот за името Мицкоски објасни дека потребен е сериозен ангажман од владата наспроти јавните надавања и менувањето на позиции“, се вели во партиското соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст