| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Ѓорче: Во дворот му фрлиле бомба кашикара

40 минути по полноќ во Скопје, во двор од куќа во населба Ѓорче Петров, сопственост на Д.С.(43) непознато лице фрлило експлозивна направа, најверојатно кашикара.

Повредени лица нема, а од експлозијата е предизвикано оштетување на куќата и на две патнички моторно возила „Мерцедес“ и „Шкода Фабија“ кои биле паркирани во дворот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top