Како што информира владината прес-служба, одлуката на Владата донесена на 57-та седница за надминување на состојбите и наследените проблеми во „Еурокомпозит“ се реализира.
На владината седница во вторникот МВР беше задолжено да ја продолжи реализацијата на договорот со „Еурокомпзит“, да изврши репрограмирање на обврските кон компанијата и да изврши авансна исплата на обврските предвидени со Договорот за изработка на производи наменети за потребите на Министерството.
– Во насока на трајно решавање на проблемите во фабриката „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп, Владата ќе обезбеди финансиски средства за изработка на финансиска и правна анализа за компанијата и ќе се разгледаат мерки и можни решенија за системско решавање на наталожените состојби од изминативе години, наведува прес-службата на Владата во соопштението.
Министерството за внатрешни работи извршило авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка ги префрлило парите на „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп, со што е исплатен надомест од 22.000 денари за секој вработен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.