| четврток, 6 декември 2018 |

Комеморација во Битола во спомен на депортираните Евреи

Денеска во Битола се одржа централната манифестација, по повод 75- годишнината од македонскиот дел на Холокаустот, кога на денешен ден во еден правец беа депортирани над седум илјади Евреи, во логорот на смртта Треблинка.

Денеска во Битола се одржа централната манифестација, по повод 75- годишнината од македонскиот дел на Холокаустот, кога на денешен ден во еден правец беа депортирани над седум илјади Евреи, во логорот на смртта Треблинка. Со положување на цвеќе пред споменичното обележје во чест на битолските Евреи, на денешното чествување се поклонија собраниска и владина делегација, претставници на општината и голем број на странски делегации од Израел и од Еврејската заедница во Македонија и светот.
– Денеска сме собрани по повод 75- годишнината од Холокаустот, односно од протерувањето на Еврејската заедница од Република Македонија, преку 7.000 нив кои што , за жал, ни еден од нив не дожиева да се врати во своите огништа. Сите го имаа истиот крај, впрочем како и шест милиони Евреи во логорите на смртта во тоа време- рече претседателот на Собранието на РМ,Талат Џафери.
– Сакам да ја искористам оваа приликаи да им се заблагодарм на луѓето во Македонија што се приклучуваат на овие одбележувања и да маршираат за таа уникатна заедница што живеела тука во Битола и за она што го прават на Еврејските гробишта во Битола- рече рабинот Елиаху Михаел Бен- дахан, заменик- министер за одбрана на Израел.
Во спомен на депортираните битолски Евреи, на досега најмасовното одбележување на овој мрачен историски  настан, беше одржан и Интернационален марш на животот со над две илјади учесници и со упатување порака до светот за космополитизам и взаемно разбирање на народите.
– Ќе маршираме во чест на депортираните еврејски семјства од Македонија, од Битола жртви на Холокустот, со што, до светот ќе упатиме порака за мир, заедништво и соживот- рече пратеникот Александар Кирацовски.
Со комеморативната церемонија, на Еврејските гробишта во Битола беа поставени камчиња за сеќавање на 793 семејства од Битола- кои беа жртви на Холокаустот, за да ја симболизираат човечката маленкост пред Бог. Во Еврејските гробишта, во тек е реализација на мега проект за нивна реставрација во “Парк на живите сеќавања“ што ќе чини ооколу 5 милиони долари.
извор:алфа.тв

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top