Непријатна средба со бившиот маж доживеа Гвен Стефани. На славната пејачка воопшто не и било сеедно кога на натпреварот на нивниот син, поранешниот сопруг се појавил со својата нова девојка.
Иако средбата изгледала срдечно, не се дружеле и седеле секој на својата страна…
Пејачката Гвен Стефани (48) пред три години се развела од Гевин Роздејл (52) бидејќи тој упорно ја изневерувал.
Гвен во меѓувреме напиша и објави цел албум за тоа заедно со колегата Блејк Шелтон (41) со кого ја пронајде среќата по разводот. Гвен со кантри пејачот во врска е две години, а почнале да се забавуваат само неколку месеци откако таа поднела барање за развод од Роздејл.
Со Роздејл таа има три сина – Кингстон (11), Жуму Неста Рок (9) и Аполо Боуви Флин (4), а поради нив со поранешниот сопруг останала и’ во добри односи.
Но, сега со бившиот сопруг се сретна на фудбалскиот натпревар на нивниот најстар син, Кингстон, во Санта Моника. Пејачката дошла сама, а Гевин ја повел својата нова девојка, Софија Томала, со која е во врска од минатиот јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.