| четврток, 6 декември 2018 |

Врањанец нашол начин да си го земе од општината она што му припаѓа

Еден жител на Врање пред неколку месеци оградил цел дел од улицата пред неговата куќа, бидејќи, како што вели, општината дури и по неколку години не му исплатила за одземеното земјиште.

Како што пренесуваат српските медиуми, дел од улицата „Бранко Ќопиќ“ во Врање е заградена со ограда направена од цврсти бетонски блокови, метални шипки и синџири. Инаку, сопственикот на заграденото земјиште е на привремена работа во Австрија, а неговиот син вели дека е подготвен за договор.

„Општината има должност, ништо не е исплатено. Татко ми рече дека сака договор, беше и во Општината за да се договори, но тие не сакаа“, вели тој.

Улицата е долга 200 метри, има 12 куќи и е широка 6 метри. Сопствениците тврдат дека нивната прцела која била одземена за изградба на улицата е широка четири метри. Соседите пак кажуваат дека општината за одземеното земјиште им должи на повеќе луѓе.

Од инспекцискиот оддел во Врање, изјавиле дека столбовите се поставени на приватно земјиште, иако улицата е веќе асфалтирана.

Како што наведуваат српските медиуми, оттаму им рекле дека иако е направена експропријација, градот не му платил на сопственикот, така што инспекцијата нема ингеренции да ги отстрани поставените столбови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top