| четврток, 6 декември 2018 |

Никола, јунакот од 8 Март: Мојата мајка е почината, затоа решив да измамам насмевка од скопјанки

Млад скопјанец ги изненади припадничките на понежниот пол на 8 Март во центарот на Скопје.

Направи некој среќен, подари цвет, направи им го денот посебен! Под ова мото 21-годишниот Никола Славковски подаруваше свежи цвеќиња по градскиот плоштад.

– Мојата мајка е почината, ја загубив прерано и не можам да ѝ подарам ништо. Затоа решив да измамам насмевка од скопјанки за денот на жената, со скромен подарок и убав збор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top