Еден од најпопуларните турски актери, Бурак Озчивит, е роден на 24 декември 1984 година на југоистокот на Турција. Завршил Филмска академија на Универзитетот „Мармара“ во Истанбул. Од 2003 до 2007 година работел како манекен.
Проесионалниот пат му е послан со рози, па така уште првата година ја добил наградата „Најубав модел на Турција“, а во 2005 година го зазел второто место на конкурсот за „Најубав модел во светот“. Од 2006 година е филмски и телевизиски актер. Светска слава стекнал со улогите во „Величествениот“ и „Чучулига“.
Сепак, најголемо внимание привлекува неговиот бурен љубовен живот.
Додека беше во врска со манекенката Џејлан Чапа, сите мислеа дека му се одбројани момчешките денови на Бурак. Но, поради љубомората на Џејлан, врската стана турбулентна, па ѝ одброја на нивната љубов.
Бурак речиси една година е во среќен брак со колешката Фехрие Евџен.
Следете ја во живо свадбата на Бали бег и Неџла (ФОТО+ВИДЕО)
Сепак, ретко кој знае дека Нихан во „Карасевда“ е всушност неговата поранешна девојка Неслихан Атаѓул. По раскинувањето сотанале во добри односи, па оттаму не им било тешко толку лесно да се внесат во улогите на Кемал и Нихан, кои безусловно се сакаат.
Неслихан се омажи во август година за колегата Кадир Доулу, а Бурак не се појави на свадбата иако беше поканет, бидејќи бил на патување низ Европа со Фехрие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


