| четврток, 6 декември 2018 |

Штрајкува затворската полиција

Независниот синдикат на Затворската полиција и администрација при КПУ „Затвор“ Скопје оргаизира штрајк односно марш, кој ќе се одржи утре пред минситерството за финансии.

Барањата на полицајците се да се покачи вредноста на бодот на вработените и да се реализираат нови вработувања со можност за преземање професионални војници по пензионирањето.

Маршот ќе започне во 12.30, а зборно место е хотелот „ВИП“ кај Скопскиот саем. Полицајците ќе се движат до Владата на РМ, а оттаму ќе се упатат кон Министерството за финансии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top