Вработен во СУГС „Арсени Јовков“ пријавил дека на улица „Костурска“ надвор од училишниот двор физички бил нападнат 16- годишен ученик од скопското село Студеничани. Според пријавата, ученикот бил нападнат со метална палка од страна на 16- годишно лице, а потоа во физичкиот напад се приклучила и поголема група на малолетни лица, кои си размениле по неколку удари со тупаници и клоци.
На нападнатиот му се констатирани телесни повреди во пределот на лицето и телото. По преземени мерки и активности, во полициска станица е извршен разговор со едно 16- годишно лице кое е можен сторител на делото. Се преземаат мерки за пронаоѓање и на другите малолетни лица, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.