Коби Брајант пред неколку дена го доби Оскарот за анимираниот филм „Драга кошарко“, а неколку дена по свечениот настан, гостуваше во ексклузивната програма на „Еј-Би-Си“, односно во емисијата на познатиот Џими Кимел во која проговори за една незаборавна приказна од 1999 година.
Легендарната „Црна мамба“ откри дека имал физичка пресметка со неверојатниот Шекил О’Нил кој своевремено го добиваше и епитетот „животно“ од НБА експертите, а обидувајќи се да ја објасни тепачката со огромниот Шек, Коби признава дека бил свесен дека ќе добие ќотек за сите пари.
– Никогаш не проговоривме за тоа зошто се степавме. Никогаш не отидовме на кафе за да објасниме што се случи. Но, беше навистина многу добро, неверојатно. Тој ја упати првата тупаница. Ги видов неговите огромни раце и си помислив „Како ќе се тепам со овој огромен човек“? Потоа јас одговорив со тупаница и цел тим почна да не раздвојува. Во тој момент одлучив дека треба да направам така. Знаев дека ќе ме повреди, но морав да докажам едно нешто. Мораше да види дека нема да направам чекор назад. Без разлика што беше невозможна мисија, не се повлеков – појаснува Коби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст