| четврток, 6 декември 2018 |

Битолчанец запалил оган во Офицерскиот дом

Лице чиј идентитет е непознат вечерва запалило оган во Официрскиот Дом во Битола, најверојатно за да се стопли, а случајот го забележале и пријавиле од локалните кафулиња, пренесе Сакамдакажам.

Противпожарната единица брзо интервенирала и пожарот бил изгаснат со противпожарни апарати и вода. Интервенирале двајца пожарникари, а пожарот бил од мал карактер.

Инаку, лицето го запалило оганот на приземјето, иако се работи за објект под заштита како културно-историско наследство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top