| четврток, 6 декември 2018 |

Остри рекации упатени до Доналд Трамп, откако донесе одлука за воведување царина на увоз на челик и алуминиум

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази загриженост во врска со одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, да наметне увозни давачки врз алуминиумот и челикот и повика на преговори за намалување на тензиите. Таа додаде дека ја поддржува ЕУ во нејзината желба за дијалог со САД, но исто така и со земјите кои можат да бидат погодени, како Кина. Франција пак рече дека ќе има “само губитници” во случај на трговска војна, додека Кина ја нарече одлуката “сериозен напад” врз меѓународната трговија. Сепак, Јапонија е да побара да бидат ослободени од новите мерки.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша одлука за воведување царини од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увоз на алуминиум. Новата мерка што ќе стапи во сила по 15 денови, нема да се однесува за Канада и за Мексико. Овој чекор на Трамп би можел да доведе до избивање глобална трговска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top