Бугарскиот премиер Бојко Борисов, в понеделник ќе престојува во еднодневна посета на Македонија и, според неофицијалните информации од Софија, во Скопје ќе присуствува на одбележувањето на 75-годишнината од депортацијата на македонските Евреи.
Претстојот во Скопје, Борисов ќе го искористи и за средба со премиерот Зоран Заев, со кого ќе разговараат за актуелната политичка ситуација, како и за преговорите за прашањето за името, во контекст на евроинтеграциите.
Засега нема дополнителна информација од Владата дали бугарскиот премиер Борисов ќе има и други средби или активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст