Законот за јазиците и натаму е кочница за работа на Законодавниот дом. Нема договор меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ како да се постапи со 35.000 поднесени амандмани од партијата на Мицковски. СДСМ бара дијалог и договор за законот, а ДУИ не попушта и за нив содржината на законот е завршена работа. Пратеникот Џеват Адеми го потврди ова во емисијата „Патот кон“ на Алсат-М телевизија. Тој посочи дека нема никакви промени и дека меѓу двата субјекти од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ нема дилема околу донесувањето на Законот за службена употреба на албанскиот јазик .
„Нема простор да има било какви промени макар биле тие и козметички. Парламентарното мнозинство ќе го изгласа во третото читање законот исто како што беше изгласано во првото и второто читање. Овој закон е еден од столбовите на оваа политичка коалиција“, рече Адеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


