| четврток, 6 декември 2018 |

Циндриќ: Сакаме да успешно да ја завршиме сезоната во Вардар

Вардар вторпат успеа да обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, каде за противник ќе го чека подобриот од Пик Сегед и Кил. „Црвено-црните“ и оваа сезона се во центарот на вниманието, пред се поради заминувањата на дел од играчите, како и главниот стратег Раул Гонзалез.

Иако тимот ќе биде видиливо променет и дел од ракометарите веќе имаат потпишано договори со други екипи, сепак во моментов тоа не се одразува врз играта. Лука Циндриќ за „балканхендбол“ вели дека во моментов сите се фокусирани кон максимална подготовка за она што ги очекува.

– Не се споменува тоа. Сакаме да успешно да ја завршиме сезоната во Вардар, со оглед на тоа дека многу играчи ќе заминат. Во моментов мислиме само на Вардар, а не на клубовите за кои потпишавме. Максимално сме фокусирани на она што не очекува, рече Циндриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top