Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифатил поканата за средба со лидерот на Северна Кореја Ким Џонг–ун, а местото и датумот ќе бидат дополнително договорени.
„Претседателот Трамп високо ги оцени убавите зборови на јужнокорејската делегација и претседателот (на Јужна Кореја) Мун. Тој ќе ја прифати поканата за средба со Ким Џонг-ун на место и време кои дополнително ќе бидат одредени. Очекуваме денуклеаризација на Северна Кореја. Во меѓувреме, сите санкции и максимален притисок треба да останат“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.
Директорот на јужнокорејската Служба за национална безбедност Чун Ејо-јо, кој ја предводи делегацијата во Вашингтон, претходно изјави дека Ким Џонг-ун ветил оти ќе се воздржи од нови нуклеарни и ракетни проби. Претставникот на Сеул рече и дека Трамп изразил желба да се сретне со лидерот на Северна Кореја до мај годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст