| четврток, 6 декември 2018 |

Стојаноска: Протестите се човеково право за јавно изразување на мислењето

ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на протестите што се одржаа на 27 февруари и 4 март во Скопје, потенцира Дафина Стојаноска во емисијата Акцент на МРТ 1. Таа ја поздрави масовноста и на двата протеста и рече дека правото на протрести е човеково право за јавно изразување на своето мислење.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека секој граѓанин има право да одлучи дали ќе присуствува или не на протести. Народот има право на слободно изразување на своите мислења и ставови кое го гарантира Уставот на Република Македонија.

Правото и одлуката ги има секој дали да присуствува или не. Протестите можам да ги поздравам дека беа добро посетени и тој на 27ми февруари и тој на 4 март. Тоа е едноставно изразување на волјата на мнозинството на граѓани на Република Македонија.

Таа потенцираше и дека едно од барањата на овие два протести  беше  да се сопре гласањето на Законот за јазици. По неодамнешните обиди да биде ставен овој закон на гласање, истиот не беше симнат од дневен ред во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top