
Претседателот на Здружението на новинари на Македонија на неговиот Фејсбук профилобјави дека не е прв пат да добива закани и да биде провоциран од луѓето на ДУИ.
– Не сум ги објавил јавно заканите затоа што не сум сакал во ниту еден момент силеџиите да помислат дека навистина им се плашам. Ги пријавувам заканите во полиција чисто да оставам трага ако некој од силеџиите на ДУИ се обиде да ги реализира нив. Сакам да им се заблагодарам на моите колеги за солидарноста што ја покажаа со мене. Ги уверувам дека ЗНМ, без разлика на заканите и уцените што се упатуваат кон мене, нема да се откажеме од нашата заедничка мисија, слободата на говорот во Македонија да биде дел од нашите животи, а не само мртво слово во Уставот, пишува Селмани.
Тој додава дека го цени професионалниот однос на министерот за внатрешни работи и на полицајците што постапуваа во овој случај.
– Тоа не можам да го кажам и за обвинителката Спасенка, која не можеше да препознае очигледна закана по мојот живот. Му се заблагодарувам на Специјалниот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир и на целиот дипломаткси кор во Скопје, што силно застана во одбрана на слободата на говорот во Македониа. Денеска бев информиран дека овој инцидент го третираат многу сериозно во европски контекст после кукавичкото убиство на мои колеги во Малта и Словачка. Силно верувам дека македонските граѓани се сплотени во одбрана на европски врендости кои се атакувани од одредени политички маргиналци и силеџии, се вели во постот на Селмани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


