Духовното семе паднало на добра почва и тоа дало и се уште дава добар и корисен плод, оцени повардарскиот митрополит на Македонската праославна црква – Охридска архиепископија, г. Агатангел, во архипастирскиот благослов кој го упати до свештениците, монаштвото и верниците од Повардарската епархија по повод рожденството Христово-Божик, пренесува МИА.
Правејќи преглед на 45-те години од возобновувањето на МПЦ, г. Агатангел оценува:
„Духовното семе паднало на добра почва и тоа дало и се уште дава добар и корисен плод. За време на овие 45 години, автокефално црковно живеење, македонските цркви и манастири од споменици од далечното минато, со Божја помош и заштита, станаа вистински расад на автентичната македонска православна црква. Македонската православна црква е Црква со огромен напредок на духовен план, бидејќи од темел требаше да го гради и организира црковниот живот, како во Македонија, така и во дијаспората“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст