| четврток, 6 декември 2018 |

Рочиштето за „Топлик“ одложено за 30 март

Рочиштето за предметот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд, е одложено за 30 март.

Причина за одложувањето е болест на обвинетиот Димитар Димовски, за што неговиот адвокат достави лекарска потврда.

Во „Топлик“ се осомничени поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

На минатото рочиште адвокатите пред почетокот на главната расправа побараа изземање на вештачењето на доказна документација изработена од СЈО, бидејќи вештото лице во моментов е директор на Агенцијата за катастар на недвижности, а неговата ќерка работи во СЈО. Според нив, вештачењето е пристрасно.

„Топлик“: Ќе продолжи ли судот да работи за СЈО?

Обвинителите од СЈО сметаат дека барањето на одбраната е неосновано, поради што побараа Судот да не го прифати приговорот.

Судијата Осман Шабани рече дека Судечкиот совет ќе одлучи дополнително за барањето на одбраната и оти за одлуката, односно за тоа дали ќе биде прифатено ова вештачење или ќе биде назначен нов вештак, странките ќе ја добијат на писмено известување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top