| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсена жена во Хрватска, со 5 000 евра отстранувала уроци

Државјанка на Босна и Херцеговина се сомничи дека на 38-годишен маж од Загреб му зела 5.000 евра за да го излекува од уроци.

Хрватскиот портал „Јутарњи“ наведува дека таа на 28 февруари му пришла на мажот и го уверила дека врз него се фрлени уроци, при што му понудила помош со лековита вода.

– Оттогаш до 5 март осомничената постојано барала дополнителни средства, па оштетениот во три наврати ѝ предал вкупно 5.000 евра, соопштила полицијата.

Жената по истрагата била приведена и одредена ѝ е мерка притвор

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top