| четврток, 6 декември 2018 |

Ивана Шпановиќ европска атлетичарка на месец февруари

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ е избрана за европска атлетичарка за февруари од Европската атлетска асоцијацијa. Таа со скокот од 6,96 метри го освои златниот медал на Светското атлетско првенство во Бирмингем.

Освен шампионската титула, српската атлетичарка претходно во текот на февруари оствари неколку одлични резултати и на натпреварувањата во Белград и Дизелдорф беше прва, додека во Глазгов го освои третото место.

За атлетичар на месецот е избран Швајцарецот Жулиен Вандерс, кој се натреварува во трки на долги патеки. Вандерс беше втор на полумаратонот што се oдржа на 11 февруари во Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top