| четврток, 6 декември 2018 |

Пет охридски села немаат исправна вода за пиење

Водата од системите за водоснабдување на домаќинствата во селата Свиништа, Завој, Куратица, Опеница и Косел е со матност повисока од законски пропишаните вредности, така што не е исправна и не се преорачува да се користи за пиење.

Вчера и денеска спроведните редовни контроли на квалитетот на водата за пиење во дел од селските водоводи во општина Охрид покажале отсуство на дезинфекциско средство во посочените водосистеми, така што водата не е здравствено безбедна за пиење.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид се апелира до населението во посочените села да избегнуваат користење на водата освен за технички потреби, додека до надлежните кои стопанисуваат со водоводите да преземат соодветни мерки за надминување на проблемот и обезбедат здравствено безбедна вода за пиење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top