Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија им препорачува на откупувачите за 20 отсто да ги зголемат понудените откупни цени по класи и типови тутун за реколтата од 2018 година заради зголемените трошоци за производство и подобриот квалитет на родот.
Одлуката за препораката, како што рече претседателот на Сојузот Кире Неделковски на прес-конференција, е донесена на вчерашната и денешната седница на Сојузот на кои имало претставници и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Инспекторатот за земјоделство.
– Мислиме дека откупувачите ќе ја прифатат нашата препорака заради зголемените трошоци за производство. Индикатор може да им биде и Владата која за 20 отсто ги зголеми субвенциите. Доколку и тие ја зголемат откупната цена се надеваме дека тутунопроизводителите ќе го зголемат своето производство, рече Неделковски и додаде дека во текот на следната недела ќе побараат од откупувачите да одржат заеднички состанок во Стопанската комора на Македонија.
Тој посочи дека годинава тутунарите се задоволни од проценката за квалитетот на тутунот и од зголемувањето на премијата на 72,5 денари.
– Покачените субвенции ќе придонесат за зголемувањето на квалитетот на тутунот бидејќи се одредени скалесто и секој што ќе произведува поквалитетен тутун ќе добива повисоки субвенции, потенцира Неделковски.
Ланската реколта на тутун беше откупена по просечна цена од 217,5 денари по килограм, а сега тутунарите бараат просечната цена да биде 244 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


