| четврток, 6 декември 2018 |

Антикорупциска се ситни, оставка од уште еден член

Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Жаклина Дамчевска денеска поднесе оставка. Ова е трета оставаа која следува по оставките на претседателот на ДКСК Игор Тантуровски, а претходно и членот на Комисијата Горан Миленков. Причините за ваквата одлука биле политички, но како што навела Дамчевска во оставката и сметал медиумскиот притисок.

Тројцата членови на ДКСК се повлекоа од функцииите откако пред неколку дена беше објавен извештајот од внатрешната ревизија направена во Комисијата. Во него се наведени сомневања за исплата на фиктивни патни налози и трошења на буџетски пари.

Најавени се и оставки на Сејди Халили и Фарие Алиу, но за нивите оставки сеуште не е потврдено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top