ремето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец.
Kон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста и во западните планински подрачја ќе има повремен слаб дожд (над 2000 мнв повремен слаб снег). Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност, а кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува умерен повремено засилен северозападен ветер. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат. Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст