Околу 3.000 демонстранти се собраа вечерва пред зградата на Владата во Софија, соопшти полицијата, јавува порталот „Денешен“.
Засега нема информации за инциденти и прекршување на јавниот ред и мир. Полицијата ги обезбедува зградите на Владата, на Претседателот и на Парламентот.
Се очекува подоцна, протестот да продолжи по вообичаената маршрута – кон парламентот и пред седиштата на ГЕРБ, ДПС и БСП.
Протестите веќе втор ден се организираат под мотото „На кафе пред Парламентот“.
Две недели траат протестите во главниот град на Бугарија против Владата на премиерот Пламен Орешарски. Граѓаните секој ден се собираат на плоштадот „Независност“ со барање за оставка на Владата и измена на Изборниот закон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ се отвора вечерва во КИЦ на Република Македонија во Софија
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Соло концерт „Магична барокна вечер“ на Наташа Диденко
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени


