| четврток, 6 декември 2018 |

Димитров се сретна со германскиот советник Јан Хекер

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретнал со Јан Хекер, советник за надворешна политика на германската Канцеларка Ангела Меркел, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

МНР Димитров се заблагодарил за, како што стои во соопштението, козистентната поддршка на СР Германија за европската перспектива на Република Македонија и во тој контекст, го поздравил договорот за формирање нова коалициска влада во Берлин, како икслучително значаен за регионот, Европа и пошироко.

Министерот Никола Димитров го запознла соговорникот со текот на реформите за, како што стои, неопходни за европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија. Притоа, посебно внимание било ставено на предизвиците во тој процес, вклучувајќи го и текот на преговорите со Грција за надминување на разликата околу името.

Советникот Хекер увери дека идната германска Влада ќе ја продолжи својата активна улога за интеграцијата на Република Македонија и регионот во ЕУ и НАТО, истакнувајќи дека Западниот Балкан останува врвен приоритет на германската надворешна политика. е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top