| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се слушна со Гутереш, и Ципрас се слушна со Гутереш

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев попладнево имал телефонски разговор со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

Според владиното соопштение Гутереш ги поздравил реформите што ги прави Владата, вклучително и, како што стои, позитивниот пристап во односите со соседите.

-Генералниот секретар, Гутереш, во име на ОН ги поддржа разговорите што се водат со Грција под под покровителство на медијаторот Метју Нимиц. Тој оцени дека постои позитивна динамика и можност да се дојде до взаемно прифатливо решение. Генералниот секретар на ОН, Гутереш најави дека ќе разговара и со грчкиот премиер Ципрас и рече дека ги охрабрува двајцата премиери и владите на двете држави да продолжат да работат во насока на решавање на долгогодишниот спор.

Се слушна и Ципрас. Оттаму велат дека меѓу другото,  грчкиот премиер Алексис Ципрас и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш разварале и за спорот за името.

Во кусото соопштение од кабинетот на Ципрас, како што јави дописникот на МИА од Атина, не се откриваат дополнителни детали.

– За време на разговорот, разговараа за случувањата во поширокиот регион, за грчко-турските и евро-турските односи, како и за преговорите со ПЈРМ, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top