Наставничките и професорките кои за 8 Март ќе примат подарок од учениците или од родителите поскап од 1.000 денари не смеат да го носат дома, туку подарокот ќе мора да го остават во училиштето. Тие не смеат да примаат подароци со вредност над 1.000 денари, а доколку тој што им ги дава инсистира да ги земат, тогаш наставничките се должни тој подарок да го пријават кај директорот на школото и да му го предадат.
Забраната за примање скапи подароци не важи само за просветните работници, туку за сите вработени во јавниот сектор, без разлика дали се мажи или жени и дали станува збор за подарок даден за некој празник. Оваа забрана беше донесена со измените во Законот за вработените во јавниот сектор пред две години. Според законската регулатива, вработените во јавниот сектор не смеат да примаат подароци поврзани со нивната работа чија вредност надминува 1.000 денари. Доколку станува збор за подароци дадени од иста личност, нивната вредност не смее да надмине 3.000 денари во дадена година. Сите поскапи подароци од наведените суми мора да се пријават кај работодавецот и да му се предадат нему, така што ќе станат негова сопственост.
Забраната за примање скапи подароци важи и за брачниот другар на лицето вработено во јавниот сектор, неговите деца, како и за неговите родители (доколку живеат во исто домаќинство).
И покрај тоа што забраната за примање скапи подароци важи веќе 2 години, досега нема информација дали некој
вработен во јавниот сектор е казнет поради примање и непријавување на скап подарок.
Извор: Факултети
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст