| четврток, 6 декември 2018 |

Само Амди Бајрам се појави на седница, сам си седеше во собраниската сала

Собраниската седница на чиј дневен ред е законот за употреба на јазиците полна се одвива со мака. Во собраниската сала има повеќе новинари од пратеници.

До пред 16 часот 62 пратеници се регистрирале со службените картици, но само пратеникот Амди Бајрам се појави во собраниските клупи. За учество на 32-та седница се пријавиле и 14 пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Седницата доцни повеќе од половина час. Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери нема објаснување зошто доцни седницата која најпрво беше закажана за напладне, а потоа одложена за во 15 часот, поради координацијата на пратеничките групи.

Претходно претседателот на Собранието, Талат Џафери, во случај да ја отвори расправата за Законот за употреба на јазиците и ако има обид опозицијата да ја блокира расправата, ставил заштитна преграда на местото каде што му стои картичката за евиденција на гласањето за да не може никој да му ја земе.

Извор: Макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top