| четврток, 6 декември 2018 |

Христијан Мицкоски на средба со германскиот пратеник Мануел Саразин

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (06.03.2018) оствари средба со германскиот пратеник Мануел Саразин, кој е член на Комисијата за надворешна политика на Германскиот Бундестаг.

На средбата двајцата соговорници се осврнаа на стратешките односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Мицкоски се заблагодари за севкупната поддршка дадена од СР Германија за евроатланската интеграција на нашата земја.

Мицкоски го информираше Саразин за актуелната политичка состојба во нашата земја и нагласи дека политичките притисоци кои се вршат врз граѓаните од партиите на власт се неприфатливи за развој на демократско општество.

Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која силно ја поддржува евроатланската интеграција на Република Македонија како национален и стратешки приоритет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top