| четврток, 6 декември 2018 |

Немири во Приштина, инцидент во Парламентот

Припадниците на партијата Самоопределување на чело со Аљбин Куртиј, го истргаа микрофонот од пред претседателот на косовскoтo собрание Јакупи Красниќи во моментот кога тој рече дека на седницата е присутен 101 пратеник и најави почеток на гласањето за ратификација на бриселкиот договор.

27062013110139_kosovski parlament

Тие рекоа дека нема да дозволат гласање за предлог-законот за ратификација  на „договор со Србија“. Красниќи даде десет минути пауза, но ни потоа седницата не продолжи.

Protest-Samoopredelenja-ispred-kosovske-skupstine-300x164

Во меѓувреме, продолжуваат немирите пред зградата на собранието каде стотина демонстранти се судрија со полицијата во Приштина. Насобраните не им дозволуваа на пратениците да влезат во зградата на собранието каде е предвидено да се гласа за договорот меѓу Приштина и Белград постигнат под покровителство на Европската унија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top