Бо Меккејлеб постигна 16 поени во првиот триумф на Фенербахче во фазата ТОП 16 во кошаркарската Евролига, а Перо Антиќ имаше ефект од 3 коша во трилер победата на Олимпијакос кај Макаби од 78-77. Успехот против руски Химки од 85-82 е прв по четирите стартни порази за турскиот тим во главната групна делница во најквалитетното натпреварување на стариот континент со што му се приближи на Олимпијакос кој по славјето во Израел има биланс од 2-3. Европскиот првак имаше двоцифрена предност до полувреме, ја загуби третата четвртина со 29-13, но успеа да победи бидејќи забивањето на центарот на Макаби Дарко Планиниќ се случи по звукот на сирената за крај на средбата.
Со овие триумфи на екипите со македонски играчи објективно се уште можеме да се надеваме на наше индивидуално учество на завршниот турнир во Евролигата што ќе се одржи од 10 до 12 мај во арената О2 во Лондон.
Сите денешни резултати:
Фенербахче-Химки 85-82
Макаби-Олимпијакос 77-78
Каха Лаборал-Барселона 90-79
Алба-Бросе Баскет 82-63
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


