Градоначалникот на Делчево од СДСМ Горан Трајковски со скандалозна изјава во интервју за локална телевизија од неговиот регион.
Во неговото интервју тој изјави дека е точно оти Јавното претпријатие „Комуналец“ се користи за згрижување на партиски кадри и прибирање на гласови од страна на градоначалникот (тој е градоначалник) и дека тоа не може да престане. Според него партизацијата врвела а под негова власт и понатаму ќе врви.
-Од политичка гледна точка Јавното претпријатие ни е секогаш десна рака на градоначалникот. На сите градоначалници, независно од која власт припаѓаат. Го користат јавното претпријатие како механизам и за добивање на гласови и за средување на партиски кадри и така натаму. Ова врви и ќе врви, ние не можеме да го сопреме никако. – рече Горан Трајковски во интервјуто.
Дами и господа, ве поздрави градоначалникот на Делчево и ЈП Механизам!
Од кај си ги црпнавте кадриве се прашувам? pic.twitter.com/5EXUZMbsIS— Mrchatina (@Mrchatina) March 6, 2018
На социјалната мрежа Твитер, граѓаните ја прашуваат власта од каде ги „црпнала“ ваквите кадри.
Инаку, изјавата на Трајковски доаѓа по вчерашната изјава на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој кажа дека не е крај на свет што ја партизира општината и поставува партиски кадри на функции.
Шилегов: Поставуваме партиски кадри и тоа не е крај на светот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст